More

    Путин ги стави сите карти на маса!!!

    spot_img

    Со објавувањето на петочната анексија на украинските региони Луганск и Доњецк, како и делови од Запорожје и Керсон, рускиот претседател Владимир Путин го покажа својот типичен презир кон вистината. Соопштението дојде по лажните „референдуми“ кои јасно ја покажаа дефиницијата на Путин за демократија – каде гласањето се одвива под закана со оружје, а резултатите се однапред одредени.

    Говорот полн со расеани тиради за „сатанскиот Запад“ го одбележа последниот во серијата обиди на Путин да ја преземе иницијативата и да го сврти вниманието од фактот дека Русија ја губи оваа катастрофална војна, до точка на срам. Најблиску до кој Путин ја призна оваа вистина беше минатонеделната најава за мобилизација на 300.000 резервисти. Сега во овој контекст се појавуваат и познатите закани со нуклеарно оружје, пишува за Политико рускиот опозициски активист Михаил Ходоровски, поранешен политички затвореник кој сега е во егзил.

    Јасно е дека дојде клучниот момент, пишува Ходоровски.

    Путин ги стави сите карти на маса и не смееме да отстапиме пред празните муабети на насилникот кој знае дека губи. Наместо тоа, продолжува Ходоровски, мораме да ја засилиме нашата поддршка за Украина и да им дадеме се што им е потребно за да го поразат Путин. Во исто време, Западот мора да преземе чекори за да го охрабри народот на Русија да се побуни против најновите ужаси од Кремљ и да го забрза поразот на Путин дома.

    Мобилизација – малку одговори, многу проблеми
    Како што сега стојат работите, силите на Путин не можат да ја задржат линијата без масовно засилување.

    Според некои проценки, бројот на убиени и ранети руски војници од почетокот на инвазијата може да биде од 100.000 до 150.000 – приближно вкупниот број војници испратени во Украина на почетокот на војната. Руските генерали постојано инсистираа, понекогаш јавно, дека не можат да ги постигнат своите наведени цели без сериозно зголемување на бројот на војници. Нивниот очај стана јасен кога беше објавена снимката на која сопатникот на Путин, Евгениј Пригожин ги чешла руските затвори за платеници.

    Иако мобилизацијата нуди одговор на молбите на генералот, таа создава цела низа нови проблеми – и воени и политички, предупредува Ходоровски.

    Досега руската поддршка за војната во Украина можеше да се опише како „апатично немешање“. Ова беше нешто со што Кремљ требаше да се справи и Русите сметаа дека целата приказна не е нивна работа. Меѓутоа, мобилизацијата ја урна таа илузија и целосно го шокираше целото население.

    Во минатото, властите успеваа да го балансираат испраќањето не толку доброволни регрути во војни нудејќи им дарежливи награди во случај да бидат убиени или ранети. Токму затоа почнаа да регрутираат во најсиромашните делови на Русија, но сега го исцрпија тој извор на топовско месо.

    По мобилизацијата, војната во Украина веќе не е нешто далечно и неважно за Русите.

    Стотици илјади руски мажи на воена возраст очајно се обидуваат да ја напуштат земјата. Зошто би сакале да останат и да бидат испратени во ужасите на војната – војна без никаква цел планирана од корумпиран режим? Зошто би сакале да станат воени злосторници, трупови или и двете, само за да го заштитат богатството, моќта и гордоста на Путин и неговите гангстери, прашува Ходоровски.

    Понатаму, регрутирањето на 300.000 нови војници е само првиот чекор. Сега луѓето од сите руски региони и општествени групи добиваат известувања за мобилизација, а веројатно е дека до почетокот на 2023 година ќе бидат регрутирани над милион луѓе.

    Сепак, фрлањето на бојното поле со слабо обучени и немотивирани мобилизирани трупи нема да доведе до поголем воен „успех“. Последиците ќе бидат незамисливи, а очекуваните загуби катастрофални.

    Протестите ќе станат поагресивни
    Способноста на руското општество да толерира десетици и стотици илјади мртви регрути не е нешто на што може да се смета. Како што одминува времето, пасивните форми на протест како избегнување на мобилизација ќе стануваат се почести. Протестите ќе станат поагресивни бидејќи ќе се трупаат жртви и ќе се зголемува бројот на дезертери.

    Треба да се размислува и за среднорочните ризици со кои се соочува режимот дома, како што се десетиците илјади поединци во Русија кои имаат длабок, но сепак контролиран гнев за нивната положба во општеството. Овие лица сега ќе имаат оружје, обука и искуство. Згора на тоа, таа група нема да се состои само од Руси, туку и вооружени сепаратисти од украинските региони кои Путин ги „анектираше“ и им даде државност.

    Ако, и кога, украинските војски ја пробијат линијата на фронтот, ќе стане невозможно да се спречи оваа вооружена „руска“ орда да се повлече во Русија и да маршира кон Москва. Историскиот преседан од 1917 година може да послужи како образец: тогаш, повлекувањето на трупите од фронтовите на Првата светска војна доведе до пад на режимот и преземање на болшевиците.

    Сите овие ризици можеби го спречија Путин порано да воведе мобилизација, но ситуацијата на фронтот сега е надвор од контрола. Мобилизација, лажни референдуми и фалбаџиски најави за анексија се постапки на очајните и слабите, а Западот мора да одлучи како ќе реагира.

    Еден можен одговор на мобилизацијата би бил европските земји да понудат азил на оние кои бегаат од регрутирање. Украина би можела да понуди азил и на Русите кои сакаат да се борат за или на друг начин да ги поддржат Украинците.

    Во исто време, на Украина и треба оружје, а секоја земја што може да го испрати мора да го стори тоа. Особено е клучно да се зголеми понудата на оружје што може да уништи далечински командни и логистички центри.

    Без разлика, сега не е време Западот да ја ублажи својата решителност во борбата против Путин – време е да ја зајакне. Нема простор за бегство што може да му се понуди; не постои елегантен начин да му дозволите да прогласи победа. Оние кои промовираат такви „решенија“ воопшто не го разбираат Путин – или, уште полошо, заговараат политика на повлекување пред фашистичкиот диктатор затоа што сакаат да ја намалат сметката за бензин.

    Наместо тоа, убедливо најефективниот начин да се стави крај на енергетската уцена и нуклеарните закани на Путин е токму продолжување на растурањето на неговите сили на фронтот. Токму затоа сега светот мора да ја поддржува украинската армија сè поинтензивно од кога било досега, заклучува Ходоровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img