More

    Пукање во хотел во Приштина, едно лице загина

    spot_img

    Едно лице загина како последица на пукање во хотел во населбата Драгодан во Приштина. Додека уште две повредени се испратени на лекување, веста за Калксо ја потврдила портпаролката на полицијата за приштинскиот регион Фљора Ахмети.

    Според неа, смртта констатирала лекарска екипа на лице место.

    „Денеска околу 13 часот и 20 минути полицијата добила информација за пукање, во приштинската населба Арберија (уред. Драгодан), точно во еден хотел. На местото на настанот веднаш пристигнале потребни полициски единици и медицински екипи, јавува Ќосев.

    Според првите податоци, едно лице е повредено од огнено оружје, кое починало на лице место, а смртта е констатирана од лекарската екипа“,

    – изјави Ахмети.

    Две лица се повредени, наводно од остар инструмент, кои се испратени на лекување, соопшти Ахмети. Таа најави дека во моментов полициски истражители во координација со обвинителот работат на расветлување на сите околности на овој настан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img