Фудбалерот на Челзи, Хаким Зиех би можел да го напушти Стемфорд Бриџ во последниот ден од зимскиот преоден рок.
„Л’Екип“ пренесува дека ПСЖ сака да го ангажира мароканскиот репрезентативец кој е на вториот план на тренерот на „сините“ Греам Потер и дека преговорите се веќе започнати.
Зијх во летото 2020 година дојде во Челзи од Ајакс за 40 милиони евра, но оваа сезона помина само 610 минути на теренот и нема ништо против менување клубови.
Парижаните изминативе денови работеа на ангажирање на Малком од Зенит, а кога пропаднаа преговорите со рускиот клуб се свртеа кон Зиех.
„ПСЖ е избор број 1 на Зиех, но договор се уште не е постигнат“, пренесува L’Equipe.
Дваесет и девет годишниот фудбалер најверојатно би дошол во Париз на позајмица со можност за откупување на договорот.
Мароканецот одигра вкупно 98 натпревари за Челзи и постигна 14 гола со 11 асистенции.