More

    Нова тужба против славниот пејач

    spot_img

    Жената која ја поднела тужбата анонимно (под името Џејн До) тврди дека рокерот сексуално ја злоставувал и силувал многу пати од 1995 до 1999 година, почнувајќи неколку дена по нејзиниот 16-ти роденден на 15 септември 1995 година, според тужбата поднесена во понеделникот во Врховниот суд во Њујорк во округот Насау.

    Мерилин Менсон е обвинет за сексуален напад на 16-годишно девојче во неговиот автобус. Притоа, тој наводно и ` се заканил дека ќе го убие нејзиното семејство доколку таа проговори. Тоа се наведува во новата тужба против популарниот пејач, пишува „Дејли мејл“.

    Жртвата, која сега има 44 години, поднела тужба и против издавачките куќи на Менсон, Interscope Music и Nothing Records, основани од рокерот на „Nine Inch Nails“, Трент Резнор, тврдејќи дека тие го промовирале и профитирале од сексуалната девијација на Менсон, вклучително и очигледна склоност кон педофилија, се наведува во поднесувањето.

    Жената Н.Н., која тогаш живеела во Мериленд, вели дека по концертот, таа и група други млади девојки чекале пред автобусот на Менсон, но тој ја поканил само неа и уште една девојка да се качат. Таа тврди дека тој им поставувал детални прашања за нивната возраст, каде биле нивните родители, па дури и ги земал телефонските броеви и адресите.

    Потоа, додека бил во автобусот, Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, „извршил различни дејствија на криминално сексуално однесување врз неа која била невина во тоа време, а сето тоа додека друг колега од бендот гледал, стои во досието.

    Кога Менсон (54) завршил, тој ѝ рекол „да се симне од неговиот автобус“ пред да ѝ се закани дека ќе го убие нејзиното семејство ако зборува за тоа што се случило, се наведува во судските документи.

    Жената го тужи музичарот за неутврдена сума.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img