More

    Кристијано Роналдо се враќа на Бернабеу: Конечно ќе добие соодветно збогување од Реал

    spot_img

    Мадрид го покани Роналдо и неговиот Ал-Наср да бидат домаќини на отворањето на новиот стадион

    Кристијано Роналдо постигна бројни успеси во кариерата, но малку од нив може да се споредат со трофеите освоени во Реал Мадрид. Со кралскиот клуб, Португалецот освои четири Лиги на шампиони, две Ла Лига, два Купа на кралот, два Суперкупа на УЕФА и три титули на Светското клупско првенство, а во тој период освои и четири Златни топки на индивидуално ниво.

    Сепак, тој се раздели со Лос Бланкос и претседателот Флорентино Перез во 2019 година по лошите и нарушени односи и се приклучи на Јувентус.

    Во Мадрид никогаш не доби соодветно збогување и признание за историските подвизи постигнати во белиот дрес, а можноста за тоа може да се случи шест години по заминувањето на 39-годишниот Роналдо денеска.

    Имено, според Марка и арапскиот новинар Сауд Ал-Сарами, мадридскиот тим го поканил Роналдо и неговиот Ал-Наср да бидат домаќини на натпреварот во рамките на официјалното отворање на новиот Сантијаго Бернабеу. Во моментов нема дефиниран датум за овој настан, но се очекува да биде помеѓу крајот на тековната сезона и почетокот на 2025 година.

    Во секој случај, натпреварот ќе привлече големо внимание во јавноста и ќе му овозможи на Роналдо соодветно да се прости од Мадрид, каде што стана една од легендите на клубот, но и ја заслужи титулата веројатно најдобар играч во историјата на Реал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img