Првиот натпреварувачки ден на 4. Зимските младински олимписки игри во јужнокорејскиот град Гангвон ја донесе трката во биатлон на 12.5 километри на која меѓу 100 пријавени учесници настапи и македонскиот биатлонец Благоја Најденоски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првиот натпреварувачки ден на 4. Зимските младински олимписки игри во јужнокорејскиот град Гангвон ја донесе трката во биатлон на 12.5 километри на која меѓу 100 пријавени учесници настапи и македонскиот биатлонец Благоја Најденоски.

Македонскиот 18-годишен претставник ја заврши трката на 90. место, заостанувајќи 14:53,3 минути зад победникот Антонин Гај од Франција. Среброто го освои Норвежанецот Сторм Веитсле, а бронзата Маркус Скленарик од Словачка.

Претходно, денеска на олимписките борилишта во Гангвон се појави и македонската биатлонка Андријана Кајевска, која во трката на 10 километри го освои 97. место во конкуренција на 98. учеснички.

Во четиричлената македонска експедиција на „Гангвон 2024“ се и Давид Торевски и Матеа Трајковска, кои ќе настапат во крос кантри.

На Зимските младински олимписки игри  во Гангвон се пријавени над 1.800 спортисти на возраст од 15 до 18 години од 80 држави.

Share This Article