More

    Првиот македонски културен центар во Бугарија ќе се отвори в недела

    spot_img

    Опозицијата во Благоевград, а премиерот во Скопје. Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица веќе потврдија дека ќе присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија, додека, пак, премиерот Димитар Ковачевски, кој исто така беше поканет, ќе си остане дома.

    Дека не постојат пречки за отворање на македонскиот културен центар денеска потврди и градоначалникот на Благоевград, кој во изјава за бугарските медиуми рече дека досега нема одобрено, но и нема забрането отворање на приватен македонски центар.
    Како што рече тој, група луѓе изнајмиле простор од приватно лице и решиле да направат клуб, па затоа Општина Благоевград нема да го официјализира овој приватен натан.

    Вратите на македонскиот културен центар ќе бидат отворени в недела точно напладне. Името на клубот Никола Вапцаров изминатиот период предизивика низа реакции, општинските советници прво го забранија отворањето, називот го оценија како провокација, а Вапцаров го квалификуваа како бугарски поет.

    Неколку дена подоцна натписот беше и оштетен со бришење на буквата „м“. Овие инциденти предизвикаа и реакција од македонското МНР кое ги оцени како провокација и спротивни на напорите за градење на добри сосоедски односи помеѓу двете земји

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img