More

    Први снимки од судирот на два воени хеликоптера додека се подготвувале за парада

    spot_img

    Воената морнарица на Малезија соопшти дека два воени хеликоптери се судриле и се урнале за време на денешните вежби, при што загинале 10 лица.

    Хеликоптерите биле на обука во поморска база во државата Перак за прославата на 90-годишнината од морнарицата, што ќе се одржи во мај, пишуваат француските медиуми.

    „На лице место беше потврдено дека сите се мртви“, соопшти морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

    Според снимките објавени на социјалните мрежи, едниот хеликоптер го фатил роторот на другиот, а потоа и двата се урнале.

    Инцидентот се случил во 9.30 часот по локално време во градот Лумут, каде што се наоѓа поморската база, јави Би-Би-Си.

    Надлежните наведуваат дека ќе формираат комисија која ќе ги истражи причините за несреќата.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img