More

    Први промени во претседателскиот кабинет, Ѓорѓи Божинов именуван е за генерален секретар, а новинарот Горан Момировски е негов заменик

    spot_img

    Први промени во претседателскиот кабинет. Правникот со речиси тридецениско искуство Ѓорѓи Божинов именуван е за генерален секретар, а новинарот Горан Момировски е негов заменик.

    Од функциите се разрешени досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров.

    Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската Унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие.

    Момировски, пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова дополнително ќе одлучува за останатите лица во Кабинетот.

    Освен првите луѓе во Кабинетот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img