Денеска на илјадници македонски граѓани кои скенираат фискални сметки им пристигна прилив од повратолот на данок преку проектот „МојДДВ“ за второто тримесечие. Се работи за скенираните сметки во месеците април, мај и јуни.
Многу граѓани беа изненадени од приливот на средства на своите сметки, со оглед дека вообичаено со исплатата се почнуваше некаде од втората недела во месецот. Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на граѓаните секако зависи од тоа колку сметки успеале да соберат и скенираат, а максималниот износ е 2.100 денари.
Со „МојДДВ“ граѓаните помагаат во сузбивањето на сивата економија, но и добиваат поврат на ДДВ во висина до 2.100 денари.
Од неодамна илјадници граѓани преку скенирање на сметки може да добијат до 2.100 денари за едно тромесечие, тоа за едно семејство се над 8.000 денари.
Мерката „МојДДВ“ започна пред 4 години и во овој период, како што неодамна информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска, кај граѓаните се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра како поврат на дел од ДДВ изразено во скенираните фискални сметки.