Протест на Србите од паралелните косовски институции во Северна Митровица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вработените во паралелните органи на Србија во Северна Митровица денеска повторно се собраа пред зградата на општината, со барање да се вратат на работа, јави дописникот на МИА од Приштина.

По затворањето на српските паралелни институции на северот на Косово во петокот, работниците од овие институции вчера се обидоа да влезат во зградата, тврдејќи дека „дошле на своите работни места“, но беа запрени на влезот од страна на полицијата.

Тие и денеска се собраа пред општинската зграда во Северна Митровица каде што беше пензиското осигурување на Србија и велат дека „нема да си заминат“.

Тие тврдат дека „работата е извор на живот за нив и нивните семејства и дека сегашната ситуација им го отежнува преживувањето и останувањето во Косово“.

Минатиот петок, косовската Влада затвори неколку српски паралелни институции на северот на земјата.

Акцијата предизвика реакции на НАТО, Европската Унија, САД и во другите западни земји кои ја опишаа како „некоординирана“ со западните сојузници и ја оценија како безбедносен ризик.

Фото: МИА

Share This Article