More

    Прошетаа на црвениот тепих, личат на татко им

    spot_img

    Во саботата, Никол Кидман се појави на престижната Награда АФИ за животно дело, на која победи, а со себе ги понесе и ќерките кои првпат ги покажа во јавност.

    Никол доби награда за животно дело. Познатата актерка се прошета на црвениот тепих во Лос Анџелес, рака под рака со својот сопруг Кит Урбан, а на овој голем настан, на двојката ѝ се придружија и ќерките, 15-годишната Сандеј Роуз  и 13-годишната Фејт Маргарет.

    Никол Кидман и Кит никогаш во јавност не ги покажале своите ќерки, па ова беше големо изненадување и единствена можност за јавноста да види како изгледаат тинејџерките.

    Убавата 56-годишна Кидман блескаше во златен, светкав фустан на Баленсијага, додека, пак, Сандеј и Фејт беа малку поедноставни и покласично стилизирани. И двете избрале фустани во црвена боја, а тоа се креации со потпис на дизајнерката Моник Лулија.

    Постарата Сандеј избрала фустан во потемна црвена нијанса со корсетиран горен дел и лелеаво сатенско здолниште, додека, пак, помладата Фејт блескаше во портокалово-црвен фустан кој ја следеше линијата на телото до колена. И двете тинејџерки имаат долга, кафеава коса, сини очи и личат на нивниот татко.

    Кит и Никол се во среќен брак од 2006 година, а двете ќерки ги добија со помош на сурогат мајка. За време на процесот на сурогат мајчинството, експертите создаваат ембрион со оплодување на јајце клетките на жената, која ќе биде мајка, и спермата на мажот кој ќе биде татко.

    Оттука и фактот дека девојките изгледаат и се чувствуваат како нивните родители.

    Холивудската дива од претходниот брак со Том Круз има и две посвоени деца, ќерката Изабела (31) и синот Конор (29), но тие избраа да се оградат од мајка си по разводот, најверојатно поради влијанието на Црквата на скиентологијата, чии следбеници се, пишуваат светските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img