Просечниот пенис на мажите во земјата пораснал за неколку сантиметри во последните 30 години

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Истражување од Универзетот во Стенфорд во САД покажало дека просечниот пенис на мажите во земјата пораснал за неколку сантиметри во последните 30 години. Но, нема причина за славење – научниците велат дека ова е поради изложеноста на пенисите на хемикалии, неактивен начин на живот и консумирање нездрава храна, пренесува ДејлиМејл.

Поконкретно, научниците откриле дека од 1992 до 2021 година просечниот машки пенис скокнал за цела четвртина, однсон од 12,19 см на 15,24 см. За статистиката измерени биле 55.761 пенис.

Но, научниците и претходно очекувале дека должината на пенисот ќе се зголемува помеѓу 1992 и 2021 година.

– Секоја промена во развојот е загрижувачка бидејќи нашиот репродуктивен состав е еден од најважните делови на човечката биологија. Ако промените се случуваат толку брзо, тоа значи дека нешто моќно се случува во нашите тела. Мора да се обидеме да ги потврдиме овие резултати. тие се потврдени, мора да утврдиме што ги предизвикува овие промени – изјавил д-р Мајкл Ајзенберг, професор по урологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд.Студијата покажала дека просечниот флакциден пенис во периодот од 1942 до 2021 година бил долг 8,63 см. Просечниот истегнат пенис во истиот период бил долг 12,95, а просечниот заострен пенис бил долг 13,71 сантиметри.

Има и лоша вест. Во истиот период, токму гореспоменатите фактори, хемикалиите и нездравиот живот придонеле за пад на плодноста кај мажите.

Сепак, во анализата не било детално истражувано како должината на пенисот и неплодноста се поврзани.

Научниците предупредиле и дека падот на плодноста може да доведе до економски проблеми во Соединетите Американски Држави.

Share This Article