Бразилски Ботафого покажа интерес за Серхио Рамос, но 38-годишниот стопер реши да ја одбие нивната понуда.
Како што објаснуваат шпанските медиуми, Ботафого сметал дека сумата што ја бара играчот е превисока, па Рамос решил да почека понуда од поголем клуб за да ја продолжи кариерата онака како што сака.
Шпанскиот стопер на крајот од минатата сезона ја напушти Севиља и оттогаш е без клуб. Наполни 38 години, а најголемиот дел од кариерата го мина во Реал Мадрид, со кој освои пет титули во шпанското првенство, четири во Лигата на шампионите и вкупно 22 трофеи.
Покрај тоа, со ПСЖ е двократен шампион на Франција, а со репрезентацијата на Шпанија беше светски првак и двократен европски првак.