More

    Пропадна уште еден производител на електрични авомобили

    spot_img

    Германскиот производител на електрични автомобили „Next.e.Go Mobile“ дефинитивно престанува да постои. Производителот на електрични автомобили од Ахен мораше да поднесе барање за стечај во март, меѓутоа, стечајниот управник Клаус-Петер Крут тогаш беше уверен дека компанијата ќе најде инвеститори и ќе продолжи со работа. Но сега е јасно дека тоа не функционираше.

    Next.e.Go Mobile престана со работа, што значи дека преостанатите 200 работници ќе бидат отпуштени. Стечајниот управник сега мора да ги продаде основните средства на компанијата за да ги плати побарувањата.

    Производителот на електрични автомобили е основан во 2015 година со големо медиумско внимание. Идејата беше со првиот модел „e.Go Life“ да се понуди прифатлива алтернатива на скапите електрични автомобили како Тесла. Возилото се произведуваше сериски од 2019 до 2022 година.

    Сепак, компанијата успеала да продаде само околу 1.350 возила пред да банкротира. Производителот на електрични автомобили го преживеа првиот банкрот во 2020 година благодарение на новите инвеститори. Во тоа време, големи надежи се полагаа на новиот модел „e.wave X“, од кој наводно пристигнале 11.000 нарачки пред да излезе во продажба. Сепак, доцнењето на дозволите од ЕУ доведоа до финансиски проблеми и нов банкрот што значи и дефинитивен крај на амбициозните цели на младата компанија.

    Next.e.Go Mobile не е првиот германски производител на електрични автомобили што банкротира од почетокот на годината. Electric Brands, која ги произведува микромобилите Xbus и Evetta, поднесе барање за самоуправен стечај во Окружниот суд во Дармштат во февруари. Германија неодамна ја потресе веста дека кинескиот производител на автомобили „Грејт Вол Моторс“ (ГВМ) сака да го затвори своето европско седиште во Минхен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img