More

    Пронајдени мигранти од Сирија, приведен криумчарот

    spot_img

    Денеска (16.04.2023) околу 06.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица и Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија, од кои дел малолетници.

    Имено, претходно тој не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и со возилото ја скршил рампата на наплатната станица. По преземени мерки возилото било запрено, по што И.Б. се обидел да избега, но бил фатен и приведен.

    Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img