More

    Со 65 гласа „за“ и 3 против пратениците избраа преодна техничка влада

    spot_img

    Констатирам дека Собранието избра влада на Република Северна Македонија, изјави новиот спикер Јован Митрески. Со 65 гласа „за“ и 3 против пратениците избраа преодна техничка влада. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напуштија салата „Македонија“. Со тоа, во Собранието беа присутни 111 пратеници.

    Откако ги обзнани функциите на новите министри, Митрески ги покани присутните да ја положат заклетвата.

    Техничкиот премиер Талат Џафери со преземање на  функцијата престанува да биде пратеник во Собранието.

    Само осум пратеници зедоа збор во Собранието на кратката расправа. Меѓу нив се обрати и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ додека крајното обраќање го имаше Али Ахмети од ДУИ.

    Составот на преодната влада е следниот:

    Прв заменик – премиер на Владата и вицепремиер за европски прашања станува Бојан Маричиќ, додека Артан Груби – министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Панче Тошковски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е министер за внатрешни работи, како и Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика.

    На досегашните места остануваат Кренар Лога – министер за правда, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Меџити – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за озбразование, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура, Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Каја Шукова – министерка за животна средина, Фатмир Битиќи – министер без ресор задолжен за економски прашања и Славица Грковска – министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење.

    Се очекува по изгласувањето на техничката влада, во Собранието да се одржи уште една пленарна седница на која ќе се гласа за дополнителните заменици министри, како и да се верификува мандатот на еден пратеник кој ќе дојде на местото на Талат Џафери, кому му е доверен мандатот да формира техничка Влада.

    СДСМ го предложи Митко Бојмацалиев за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а досегашната министерка Јованка Тренчевска ќе биде дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика.

    ВМРО-ДПМНЕ за дополнителен заменик министер за финансии ја предложи Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img