Двете малолетнички кои беа пријавени за исчезнати завчера вечерта во Скопје се пронајдени, потврдија извори од МВР за Охридскај . По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, откако таткото на Аниса ја пријави за исчезната. Тогаш таткото на Аниса пријавил во полиција таа во четвртокот наутро излегла од дома кон нејзиното училиште „Лирија“ во Чаир, меѓутоа по часовите не се вратила дома.
Претходно денеска дедото на Аниса изјави дека се следи нејзиниот телефон, кој повремено се вклучува и исклучува.На повозрасното девојче, 15 годишната Мелиса, не и е првпат да исчезне. Како што се наведува во билтенот на МВР, таа повеќепати досега се оддалечувала од домот и била враќана назад. Од МВР информираат дека активно работат на пронаоѓање на двете малолетнички.