More

    ПРОНАЈДЕНА Е ИСЧЕЗНАТАТА ЕНИ

    spot_img

    „Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба“.

    Ова попладнево го објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

    Инаку, станува збор за студентка на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, која е државјанка на Албанија, а која беше пријавена за исчезната.

    Таа е Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо, потврдија роднини на девојката за Македонската информативна агенција (МИА).

    Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МИА порано денеска потврдија дека 20-годишна девојка, по потекло од Албанија, синоќа е пријавена за исчезната.

    „На 30 март 2024 година, во 10.30 часот во ПО Петровец, Г. Т. пријавила дека Е. Ч. (20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде што престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, наведуваат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img