Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за снег и на пониските места.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а на североистокот ветерот ќе биде северен.
Температурата ќе се движи меѓу 8 и 14 степени.Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, во текот на ноќта ќе дува слаб до умерен северен ветер и на повисоките делови од котлината ќе има услови за појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе достигне до 11 степени.