More

    Прогласена воздушна тревога во Курск и Белгород

    spot_img

    Руските партизани наклонети кон Украина, членови на три групи – Рускиот волонтерски корпус (РДК), Легијата за слободата на Русија (ЛСР) и Сибирскиот баталјон – вчера извршија серија упади во руските региони на границата со Украина, во областа Белгород и Курск.

    Портпаролот на Украинската воена разузнавачка управа (ГУР), Андриј Јусов потврди дека делови од РДК, ЛРС и сибирскиот баталјон биле вклучени во судирите во регионите Белгород и Курск.

    Руските извори првично ги негираа упадите, но подоцна тврдеа дека руските сили ги одбиле проукраинските сили со тенкови, оклопни возила и поддршка од беспилотни летала, напаѓајќи во близина на Одноробивка, Харковската област, Нехотеевка и Сподарјушин во Белгородската област.

    „Воениот персонал на Руската гарда, заедно со вооружените сили на Руската Федерација, учествуваат во одбивањето напади на украинските диверзантско-извидувачки групи во близина на селото Теткино во областа Курск“ – соопшти прес-службата на Руската гарда.

     

     

    Претходно, гувернерот на Курската област Роман Старовојт на Телеграм објави дека непријателите се обиделе да влезат во селото, но не успеале. Прогласена е и воздушна тревога поради закана од напади со беспилотни летала.

    „Регион на Курск – опасност од напад со беспилотни летала. Бидете внимателни! Силите и средствата за противвоздушна одбрана се ставени во готовбост за да се одбие евентуален напад“ – напиша Старовојт.

    Сирени се огласија и во регионот на Белгород.

    Едно лице загина, а три се ранети при гранатирање на украинската армија, соопшти гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.

    „Од експлозијата автомобилот со кој управувал цивил се превртел во ендек. Една жена починала на лице место“ – посочи тој.

     

    „По одбивањето на воздушен напад на украинските вооружени сили со средства за противвоздушна одбрана, откриени се различни штети во приватни домаќинства и станбени згради во три улици во селото Беловскоје. Три деца се повредени во една станбена зграда“ – соопшти Гладков.

    Тој рече дека Украинците ја гранатираат и областа Граиворонск и дека било издадено предупредување до жителите да се засолнат во подрумите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img