Профилот на Фејсбук на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки е пред укинување откако откри секс скандал во македонската Армија.
Ковачки тврди дека неговата сметка на Фејсбук е предмет на репортирање од страна на „ботови” на власта кои сакаат да му го укинат профилот затоа што откри дека во АРМ се случил голем секс скандал за кој власта знаела.
„Може да ми ја рапортирате Фејсбук страната колку сакате. Грешка, не живеам за број на лајкови и не плаќам како трајно неспособниот. Живеам за денот кога ќе го збришеме злото што ѝ го нанесовте на државата и за денот кога ќе ве изнесеме пред лицето на правдата”, објави Ковачевски кој претходно ја откри секс аферата во АРМ.