More

    Професорка од училиштето во Врачар го открива херојството и љубовта на мало девојче

    spot_img

    Девојче кое го преживеало масакрот во училиштето во Врачар во Белград кој се случи на 3 мај, во времето на крвавиот пир, наместо да се спаси себеси трчала до друга училница за да го спаси и извлече својот брат, пишуваат српските медиуми. Mеѓу другото таа ѝ рекла на наставничката да ја заклучи вратата.

    Потресната приказна за љубовта на сестрата кон братот во свој текст и своевиден апел ја раскажа професорка од училиштето, Верица Ракоњац Павловиќ, која смета дека оваа приказна треба да биде раскажана, е не таа за напаѓачот Коста К., за кого рече дека „не е одличен ученик, иако ги добил сите петки“, а дека „добро семејство е единственото она во кое има љубов меѓу членовите“.

    Професорката раскажува:

    „На спротивната страна на ова дете (Коста К.) кое не сака никого, (за жал честа појава кај децата и возрасните во денешното време на оттуѓување), стои девојче кое со неверојатна смиреност успеа да се спаси, да избега од училницата… Воодушевена сум од нејзината храброст да се помести од местото пред убиецот кој пука на сите страни, а камоли да трча од четвртата клупа до вратата и да истрча од училницата… Таа училница се наоѓа на приземје, недалеку од излезот на школото…кога веќе беше толку скромна и храбра да истрча од училницата, по секоја логика би било да се спасите и да трчате кон излезот од зградата по најкраткиот пат … да побарате помош на улица или од директорот и наставничката канцеларија… Сето ова се наоѓа во близина на канцеларијата за историја, десно покрај ходникот, веднаш зад аголот… Ама не… Таа не истрчала кон излезот од училиштето до кој би стигнала многу брзо…Истрчала лево, во спротивна насока, кон друг ходник, кон комплициран премин со тешки стаклени врати кои морала да ги отвори и многу скали, каде што убиецот лесно можел да стигне до неа ако ја следел… Трчала многу долго низ празниот коридор, кој ги поврзува двете згради на ова училиште… Истрчала во спротивна насока од излезот на училиштето за да истрча во друга зграда каде се сместени учениците од пониските класови…“, вели професорката додавајќи:

    „И тука е нејзиниот помал брат. Колку љубов носела во себе таа што кога истрчала од училницата не истрчала на излезот туку истрча право во училницата на нејзиниот помал брат… за да ѝ каже на учителката да ја заклучи училницата и да ги скрие децата… Тоа мало девојче не постапило како што би постапиле повеќето луѓе чиј живот е во голема опасност… да се спасат и да истрчаат од зградата што е можно поскоро… Трчала низ долги комплицирани ходници и скали до друга зграда (која воопшто не е блиску) да го спаси малото братче…“.

    „Тоа е љубов. Ова е дете од добро семејство кое го научило да сака… Иако животот ѝ бил во опасност, иако била во шок и била сведок на страшна трагедија во својата училница, сепак имала свест и сила да трча да спаси нејзиниот помлад брат, а не само себеси“, продолжува професорката.

    „Ова мало девојче кое истрча да го спаси својот помал брат, кога животот ѝ беше најзагрозен, е пример, за пофалба, за орден, за љубов кон друго битие, за хуманост, благородност, храброст, која вреди повеќе од секоја оценка и одличен успех и секаков успех во животот и кариерата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img