Османи за Глас на Америка вели дека тоа е одговорност кон иднината

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Носењето одговорност за сите злосторства врз цивилно население, не само во Украина, било каде во светот, е прашање кое што е важно за да се спречат таквите случувања во иднина. Овој став шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, го кажа во интервју за Гласот на Америка, за време на работната посета на САД.

– Тоа што го гледаме во Украина и како наша национална позиција, меѓутоа и како претседавачи на ОБСЕ, ние мора да ја испратиме пораката и мора да бидеме заедно со сите држави кои што мислат дека не може да нема одговорност за сите чинители на злосторства не само како одговорност кон цивилите и граѓаните на Украина, туку како одговорност кон иднината и потребата за спречување на такви случувања повторно – вели Османи во интервјуто.

Шефот на дипломатијата уште еднаш ја потврди македонската цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и осуда за руската воена инвазија.

Северна Македонија минатата недела се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

Share This Article