Продолжуваме со редовно производство, најави Мицкоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека уште денеска ќе се стабилизира состојбата во РЕК Битола, односно дека уште денеска ќе се санира дефектот во трите блокови кои од утрово се исклучени од мрежа и не произведуваат струја.

– РЕК Битола е во алармантна и катастрофална состојба поради сето она што се случувало во изминатите години. Но, се бориме. Денеска очекувам да се стабилизира состојбата и да продолжиме со редовно производство. Гледате, сѐ функционира нормално – истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Инаку, ноќеска трите блока во РЕК Битола се надвор од мрежата.

„Термоелектраната ‘Битола 2’ утрово во 8.22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот ‘Битола 1’ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби. Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за повторно вклучување на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција“, соопштија од ЕСМ.

Share This Article