Марихуана и бела прашкаста материја ноќеска е пронајдена кај 12 лица од Скопје, Битола и од Прилеп при контрола на полицијата во неколку угостителски објекти во Скопје. Лицата, кои биле на возраст од 22 до 48 години се приведени.
Од МВР соопштија дека ноќеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица.
„Kај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај М.К.(26) од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пронајдена марихуана“, се наведува во полициското соопштение.
Лицата биле приведени, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.