Денеска (08.11.2022) во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица од општа надлежност Прилеп го лишиле од слобода Е.М.(28) од Прилеп. Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од две години и два месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „разбојништво“.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворската казна.