На 03.07.2024 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Тетово во тетовски Порој го привеле А.К.(38) од истото село, кој бил затекнат при обид да изврши кривично дело тешка кражба.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.