Денеска (10.03.2022) во 01.50 часот во кругот на студенски дом на подрачјето на Гази Баба е лишен од слобода Е.Б.(41) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 01.30 часот извршил тешка кражба од бензинска пумпа на истото подрачје, оштетувајќи го стаклото од влезната врата, при што одзел повеќе прозводи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, сторителот бил пронајден, а кај него биле најдени и одземени украдените производи, кои ќе бидат вратени на сопственикот. Лицето е приведено во полициска станица и по насоки на дежурен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетирање на службениот материјал, против Е.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.