Приведен е српскиот новинар Бошко Савковиќ, обвинет е дека носел транспарент со кукла „обесениот Вучиќ“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бошко Савковиќ, писател и новинар, е приведен околу пладне во  Белград под сомнение дека носел транспарент со кукла на „обесениот претседател на Србија, Александар Вучиќ“.

Според последните неофицијални информации, тој утре ќе се појави пред обвинителот. Тој се товари дека повикувал на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста. Нему му е одреден притвор од 48 часа.

Неговата  ќерката Емилија за српските медиуми изјави дека  денеска на нивната врата се појавиле четворица мажи без никаков налог за апсење. Таа објаснува дека не знаат како куклата се нашла на нивниот транспарент за време на протестите.

-Се собравме 15 души на споменикот (Плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот бил цело време беше тука, а на сликите се појави кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Станува збор за кукла која премиерката на Србија ја прикачи на својот Твитер профил. Транспарентот е уште кај нас, го гледаме. Го видоа и  инспекторите. Но, ние немаме никаква врска со куклата – изјави Емилија.

Таа напоменува дека нејзиниот татко Бошко Савковиќ е основач на сатиричниот весник „Наша крмача“, симбол на борбата за слобода на новинарството, кој беше претепан по улиците од луѓето на Вучиќ.

„Обесената“ кукла со неговиот лик денеска ја коментираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, наведувајќи дека дел од неговата работа е да трпи такви „гасни работи“.

Граѓаните на протестот „Србија против насилството“ му оставија пораки на Вучиќ и најавија нов собир за следната недела.

Share This Article