More

    Дронот што експлодираше во Русија е ист како оној што падна во Загреб

    spot_img

    Во неделата имаше експлозија во градот Кирејевск во руската област Тула, во која беа повредени три лица. Како што пренесуваат руските медиуми, на местото на несреќата експлодирал украинскиот дрон Ту-141 Стриж. Станува збор за истиот дрон кој минатата година се урна во Загреб, а тоа го потврди и воениот аналитичар Горан Реџеповиќ.Да потсетиме, на 10 март 2022 година во близина на студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб се урна авион без екипаж.

    „Тоа е истиот дрон што падна во Загреб, а Тула е центар на руската воена индустрија“, вели Реџеповиќ.

    Тој додава дека станува збор за беспилотно летало од советско производство, кое било произведено за време на Советскиот Сојуз во Харков, Украина.

    Руските медиуми објавија дека дронот бил вооружен со експлозив, а Реџеповиќ појасни колку експлозив всушност може да носи овој дрон и колкава штета може да направи.

    „Може безбедно да носи 100 килограми експлозив. Ако е „мек“ предмет, ако не е бункер на пример, може да предизвика штета. Но, тоа е само еден дрон и е повеќе симболично отколку вистинско уништување. Ова ја покажува способноста на Украина да навлезе длабоко во руска територија“, заклучува воениот аналитичар

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img