Две лица се убиени, а едно е повредено во оружениот инцидент што се случил попладнево во тетовското село Челопек.
Според првичните информации, проведен е осомничениот за двојното убиство кој и самиот бил повреден, најверојатно од огнено оружје. Од СВР Тетово за „360степени“ велат дека полициски службеници денеска го лишиле од слобода лицето И.И., на возраст од околу 60 години, за кого во 14:10 часот било пријавено дека со огнено оружје усмртил двајца свои соселани и роднини и повредил едно лице.
Полициски и екипи на Брзата помош, од СВР Тетово веќе се на местото на настанот и преземаат мерки. На местото е излезен и јавен обвинител кој врши увид на настанот.
Според неофицијални информации, осомничениот и другото повредено лице се во тешка здравствена состојба.