More

    Приватните специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник

    spot_img

    Приватните специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник, а од Министерството за здравство пак велат дека за нивниот статус се чека одговор од влада.

    Инаку приватните специјализанти преку денешното соопштение наведуваат дека и покрај одржаниот протест на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања.

    „На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. После остварената средба со министерот, одржани се две седници на Влада и тоа на 3 и 9 април, на кои според јавно достапните информации на Влада, во ни една од нив не е разговарано за нашите барања“, се посочува во соопштението.

    Поради тоа, како што се посочува во соопштението, испратено во име на приватните специјализанти при универзитетите за медицински науки „Кирил и Методиј” и „Гоце Делчев“ – Штип, принудени се да го направат следниот чекор – пристапување кон генерален штрајк од 15 април. Се најавува тој да трае сѐ до исполнување на нивните барања.

    Од Министерството за здравство попладнево реагираа дека по средбата со приватните специјализанти, изготвен е извештај и доставен до Владата. На некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период.

    „Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти, кои се важни во здравствениот систем. Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти“, пишува во соопштението.

    Во изминативе години, се додава во соопштението, платите на здравствените работници се покачија неколкупати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап, нагласуваат од Министерството за здравство, ќе им се помогне и на приватните специјализанти.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img