More

    Приватните превозници се повлекуваат од крстисниците,останува блокирана само Илинденска

    spot_img

    Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со блокада на сообраќајот во Скопје, но, според најавите, од 10 часот изутринава нивни автобуси ќе има само на булeварот Илинден, а ќе ги ослободат за движење крстосниците кај ТЦ „Мавровка” и Црвен крст.

    Превозниците вчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка” и Црвен крст и да се упатат на булеварот Илинден, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина”. Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот.

    – Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот. Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје – изјави вчера Ќемал Муриќ од „Слобода превоз”.

    Муриќ потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img