Бамја, окра, „дамски прсти“ (ladies fingers) е плод преполн со витамини и минерали, а се одгледува веќе 5000 години. Причината за неговиот опстанок и толку многу обожавање лежи во тоа што во народната медицина се споменува како растение кое го лечи и регулира шеќерот, холестеролот, работата на црниот дроб, помага при астма и стомачни проблеми. Посебно поглавје се поврзува со неговата моќ за регенерација на кожата.
Бамјата е едногодишно дрво чие одгледување датира со векови пред Христа, а податоците покажуваат дека потекнува од долината на Нил. Се користи на различни начини, варена, динстана, свежа во салата, може да се маринира, суши, меле и се користи како зачин.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.
Фото: Pixabay