More

    Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во Јагодина привеле 24-годишен државјанин на Македонија, кој вчера возејќи возило марка „тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди

    spot_img

    Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во Јагодина привеле 24-годишен државјанин на Македонија, кој вчера возејќи возило марка „тојота“ предизвикал две сообраќајни незгоди.

    Македонскиот државјанин се сомничи дека прво удрил во паркирана „шкода“, сопственост на 73-годишна жена, а потоа пред станицата на тамошната сообраќајна полиција, удрил во полициско возило кое било на пат да изврши увид по пријава од сопственикот на „шкодата“.

    Алкотестот открил дека македонскиот државјанин возел со 2,52 промили алкохол во крвта. Против возачот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава, јавуваат српските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img