More

    Принцот Вилијам синоќа присуствуваше на доделувањето на наградите Diana Legacy во Научниот музеј во Лондон

    spot_img

    Принцот Вилијам синоќа присуствуваше на доделувањето на наградите Diana Legacy во Научниот музеј во Лондон, каде што ги доделува наградите во спомен на неговата мајка принцезата Дијана. Тој на церемонијата зборуваше за неа, како и за својата сопруга Кејт Милдтон, која се опоравува по операцијата на абдоменот во Лондон пред два месеци.

    Принцезата од Велс се соочува со голем скандал поради фотошопираната фотографија од неа со нејзините деца која беше објавена минатата сабота.

    На синоќешната церемонија, принцот Вилијам им кажа на победниците дека ги „водат храброста, сочувството и посветеноста, квалитети што ги има неговата мајка“.

    „Таа ме научи дека секој има потенцијал да возврати со нешто, да им врати на другите, дека секој заслужува подадена рака во животот. Синоќешното доделување на наградите Legacy е особено посебно, бидејќи ја одбележува 25-годишнината од добротворната организација која беше основана за да го одрази уверувањето на мајка ми дека младите луѓе можат да го променат светот.

    Знам дека ќе ѝ биде чест да види добротворна организација посветена на неа, која работи толку инспиративно за поддршка на младите луѓе од целиот свет. Кетрин и јас се обидовме да се фокусираме на тоа наследство преку нашата работа, како и 50.000 млади луѓе кои ја добија наградата Дијана во изминатите 25 години.

    Толку сум горд што гледам дека верувањето на мајка ми се манифестира во неверојатните млади луѓе кои вечерва ја добиваат наградата Legacy“, рече Вилијам, пренесе „Дејли мејл“.

    Ова е уште едно појавување на принцот Вилијам додека продолжува скандалот околу неговата сопруга Кејт Мидлтон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img