Принцот изгуби важен случај кој ја диктира неговата иднина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Принцот Хари се соочува со огромни финансиски трошоци откако ја загуби битката на Високиот суд со Министерството за внатрешни работи поради намалувањето на неговата полициска заштита, откако тој и Меган Маркл се откажаа од нивните кралски должности во 2020 година.

На принцот Хари вчера му беше наложено да им надомести на даночните обврзници откако ја загуби битката на Високиот суд со Министерството за внатрешни работи поради намалената полициска заштита, пишува „Дејли мејл“.

Тој потенцијално се соочува со сметка од околу милион фунти кога ќе се земат предвид неговите правни трошоци. Судијата ја отфрли понудата да ја преполови сумата, велејќи дека војводата од Сасекс „целосно го изгубил“ случајот.

Сер Питер Лејн, исто така, го отфрли барањето за жалба на пресудата на принцот Хари, опишувајќи еден дел како „искрено безнадежен“.

Сепак, Хари и понатаму може директно да се обрати до судот доколку сака да продолжи со случајот, односно  со приговор на пресудата.

Прашањето за безбедноста на принцот Хари, Меган Маркл и нивните деца Лилибет Дијана и Арчи Харисон, додека престојуваат во Британија, се наведува како едно од главните прашања во нивната одлука дали тие ќе пристигнат во Британија заедно во мај на 10-годишнината на Инвиктус игрите на кои тој е покровител.

На крајот на февруари, принцот Хари го загуби случајот во Високиот суд против британската влада поради одлуката за промена на нивото на неговата лична безбедност за време на посетите на Обединетото Кралство. Прашањето за безбедноста на неговото семејство по Мегзит е честа тема во последните години.

Share This Article