Принцезата од Велс во наредните месеци се повлекува од кралските должности

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Принцезата од Велс се опоравува во болница по операцијата, а кралот Чарлс Трети треба да оди на медицинска процедура следната недела.

Кетрин ќе се повлече од кралските должности со месеци по операцијата поради неодредена абдоминална состојба која не е поврзана со рак. Додека бенигната состојба на простатата на кралот ќе се лекува следната недела.

Неочекуваните соопштенија за здравствената состојба на членовите на кралското семејство беа објавени во рок од два часа една од друга во средата попладне.

Деталите за здравјето на постарите членови на кралското семејство обично се строго чувана тајна и се објавуваат во јавноста само во ограничени околности, така што одлуката да се објават две значајни ажурирања во еден ден беше впечатлива, пренесува Би-би-си.

Бекингемската палата објави дека принцезата во вторникот била примена во приватна болница во центарот на Лондон за медицинска интервенција и таму се опоравува.

Принцезата е добро, но се очекува да помине до две недели во болница и да биде надвор од очите на јавноста до Велигден додека продолжува со повеќемесечно закрепнување, соопштија кралските служби.

Од должината на времето што и треба да закрепне и од тонот на изјавата од палатата е јасно дека нејзината состојба е сериозна, иако беше истакнато дека постапката била планирана и успешна, пренесува Би-би-си.

Палатата повика да се почитува медицинската приватност на принцезата.

„Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да одржи колку што е можно нормалнс состојба заради нејзините деца“.

- Advertisement -
Ad image

Принцот од Велс, исто така, ќе се повлече од кралските должности во наредните недели за да биде со сопругата и принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5).

Помалку од 90 минути подоцна, беше објавена посебна изјава од Бакингемската палата во која се открива дека на кралот му е потребна „корективна процедура“ следната недела за зголемена простата.

Состојбата е честа кај постарите мажи и не е канцерогена. Кралот наполни 75 години во ноември.

- Advertisement -
Ad image

Не е познато на каква процедура ќе биде подложен кралот, но палатата соопшти дека неговите „ангажмани ќе бидат одложени за краток период на закрепнување“.
Неговото лекување не е толку сериозно за активирање на некој од уставните механизми кога шефот на државата е тешко болен.

Во такви околности, „државните советници“ можат да дејствуваат како заштитници на монархот и да извршуваат должности како што е потпишување официјални документи – но Бакингемската палата соопшти дека тоа нема да биде неопходно.

Кралот престојува во својот приватен дом во близина на Балморал со кралицата, а кралските извори велат дека тој бил во „добра форма“ и „добар дух“.

Се смета дека времето на објавата за кралот толку брзо по веста за принцезата е неизбежно поради закажаните ангажмани на монархот во четврток и петок.

Тој требаше да се сретне со странски претставници и членови на Кабинетот во Шкотска, па веста мораше да биде јавно објавена бидејќи тие состаноци беа откажани по совет на лекар.

Share This Article