More

    Примена сум на реномирани универзитети во Британија, Германија и Италија, но сè уште размислувам каде да го продолжам образованието

    spot_img

    Матурантката во меѓународното училиште „Нова“, Теона Попоска примена e на повеќе високо рангирани светски универзитети меѓу кои The University of Manchester, University of Nottingham, Queen Mary University of London и престижниот King’s College. Дополнително, аплицирала и добила потврдни одговори од Università Cattolica del Sacro Cuore во Италија, Frankfurt School of Finance & Managment во Германија и факултетот IE во Мадрид во Шпанија. Но, и покрај широката и богата листа на образовни институции кои би сакале да ја имаат како свој студент, таа ќе одвои време да размисли со цел да ја донесе најдобрата одлука за својата иднина.

    – Сè уште немам донесено финална одлука на кој универзитет сакам да ја продолжам мојата едукација поради тоа што ме чека уште еден приемен испит на Wirtschaftsuniversität Wien (WU) во Виена, Австрија. Моето образование сакам да го усовршам во областите на економијата, финансиите и data science. Понатаму сакам да специјализирам во поконкретни области како data analytics, користење на вештачка интелигенција во финансиски индустрии и дигитализации и иновации на финансиски услови – вели Теона.

    Што е пресудно за тебе при изборот на факултет – програмата, локацијата или начинот на живот?

    – Првично, програмата при избор на смерот ми е најпресудна во целиот избор, исто како и можностите кои ги нуди самата програма и факултетот по завршување на студиите. По природа сум лесно прилагодлива личност и поради тоа локацијата и начинот на живот не ми претставуваат најголем предизвик. Како интернационален студент, битно е да се има добра комбинација и баланс од сите услови, како на пример програмата да е во согласност со моите очекувања, рангирањето на универзитетот, финансиските трошоци и социјалниот живот.

    Како го доживеа процесот на аплицирање? Дали беше стресно или го сфати како уште еден животен предизвик со кој треба да се справиш?

    – Процесот на аплицирање беше ново искуство за мене. Нов животен предизвик. Имаше многу моменти кога чувствував стрес и страв поради приемните испити кои морав да ги положам. Испитите содржеа компоненти од математика, економија и англиски јазик. IB (International Baccalaureate) програмата во „Нова“ ми овозможи успешно да се справам со сите предизвици и ризици при процесите на апликација.

    Колку заедницата во „Нова“ и академските советници беа вклучени во процесот на избор на универзитетите и аплицирање за нив?

    – Академските советници уште од самиот почеток на моето средно образование беа вклучени во процесот на избор за факултети и избор на студиите. Неизмерно сум благодарна за нивната константна поддршка. Дополнително и самите професори редовно ме инспирираа и со нивните позитивни и искрени препораки за мене, јас успешно бев примена на факултетите. Во секој момент беа отворени за советување и соработка. Наставната содржина во „Нова“ ми овозможи да се чувствувам подготвено при аплицирањето особено кога требаше да се пишуваат есеи и мотивациски писма. Меѓународната матура, исто така ме подготви и за интервјуата кои беа потребни при уписот на некои факултети.

    Кој ќе биде твојот најголем предизвик при студирањето?

    – Да бидам искрена не сум сигурна кој ќе биде мојот најголем предизвик при студирањето. Веќе сум запознаена со процесот на нова интернационална средина, стапување во контакт со нови луѓе и снаоѓањето во нова средина поради моето присуство на неколку летни школи низ изминатите години. Бев дел од летната школа на факултетот Bocconi во Италија, HEC Paris во Париз и Frankfurt School of Finance & Management. Ова лето ќе учествувам и на летната програма Redbird Risk Management Challenge на Illinois State University.

    Какви се твоите планови за во иднина? Каде се гледаш себеси по завршувањето на студиите?

    – Уште од рана возраст се гледам себеси како работам и живеам во интернационална средина во странство. Моите планови за иднината сè уште не се одредени целосно, но ќе останат во делот на економските науки во странски држави. Еден ден би сакала да станам и професор и да имам можност да предавам на универзитетите во Македонија. Би сакала со моето стекнато образование и искуство да придонесам во развојот на младината во Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img