More

    Прилично е стабилна состојбата и е очекувано за овој период од годината да има пациенти со сезонски грип, но нема драматично отскокнување и болниците не се полни

    spot_img

    Прилично е стабилна состојбата и е очекувано за овој период од годината да има пациенти со сезонски грип, но нема драматично отскокнување и болниците не се полни, соопшти Злате Мехмедовиќ од Комисија за заразни болести во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

    Случаи на ковид има сѐ помалку, рече тој, а варијантите на грип се очекува да кулминираат на крајот на февруари и почетокот на март иако „не е секоја година идентична по однос на активноста на вирусите и нивната трансмисија“.

    Во однос на пертусис (голема/стодневна/магарешка кашлица) кое е бактериско, а не вирусно заболување, во земјава има само два случаја, за разлика од Србија и во Црна Гора и особено во Хрватска каде со над пет илјади случаи ситуацијата е драматична и од каде што и почна да се шири болеста низ Балканот.

    Дали може да се рашири кај нас откако наши граѓани се вратија од зимување во Србија, Мехмедовиќ одговори дека пертусис не може да се добие на отворено, туку ако подолго време се престојува во една затворена просторија и дека обично заболуваат деца и тие што работат со нив – воспитувачи и учителки, а болеста е најсериозна кај деца од 0 до 2 години.

    Стабилната состојба со пертусис, според него, се должи на тоа што кај нас е многу подобра статистиката во однос за вакцинацијата со ДТП отколку во Хрватска.

    – Ние сме, за среќа, само на два случаја и можеби тоа се должи на центрите за јавно здравје во државата и Институтот за јавно здравје и сериозниот епидемиолошки пристап во контрола на трансмисија на болеста и следењето на случаите. Иако се работи за мал број случаи, што ја олеснува ситуацијата, ние имаме извонреден начин досега на следење на сите контакти поврзани со случај што веќе е докажан како инфициран, со цел да се минимизира можноста за ширење на болеста – рече Мехмедовиќ.

    Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника, исто така рече дека не е зголемен бројот на пациенти со грип во клиниката и дека во специјалистичката амбуланта на Инфективна има 60-ина прегледи и доминираат вирусни инфекции.

    Хоспитализираат по три-четири, како што рече, „еден ќе примите, двајца ќе испуштите“. Нагласи дека пациенти со ковид се сериозно возрасни и со сериозни хронични болести, а меѓу хоспитализираните со грип има и помлади, но и тие имаат и други потешки заболувања.

    – Сите хоспитализирани не се вакцинирани за што треба постојано да се алармира додека не стане рутина за сезонските болести. Вакцините се достапни и тоа треба да биде рутина – истакна Стевановиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img