More

    Пригожин распали по руските власти по нападот со дронови врз Москва

    spot_img

    „Смрдливи бедници, што правите? Шупци! Ги вадите газовите од канцеларијата во која сте ставени да ја браните оваа држава. Вие сте министерство за одбрана а не правите ништо да одиме напред. Зошто, по ѓаволите, допуштате овие дронови да летаат во Москва?“

    Вака им се обрати шефот на платеничката група Вагнер, на руските власти. Евгениј Пригожин е еден од многумината кои реагират на нападот со дронови врз Москва утринава за кој Кремљ ги уверуваше граѓаните дека „не постои закана“ и дека руската противвозудшна одбрана работи како што треба, пренесува Индекс.

     

     

    Пригожин со погрдни зборови го критикуваше руското Министерство за одбрана:

    – Што треба да прават обичните луѓе кога ќе видат беспилотни летала со експлозиви како летаат кон нивните прозорци? Како граѓанин, длабоко сум огорчен што овие гомнари седат мирно и консумираат фотелји со нивните дебели магариња, кои се намачкани со скапи креми – продолжи тој бесно.

    – И затоа мислам дека луѓето имаат целосно право да им ги поставуваат овие прашања на овие ѓубриња. Предупредив многу пати претходно, но никој не сака да слуша. Лут сум и тоа ги вознемирува бирократите кои живеат одличен живот – нагласи првиот човек на Вагнер.

    Додека руското Министерство за одбрана потврди дека само осум беспилотни летала биле вклучени во нападот, локалните извештаи укажуваат на многу поголема бројка. Најмалку еден руски пратеник рече дека денешниот настан може да значи дополнителна ескалација на конфликтот.

     

     

     

     

    – Москва беше изложена на напад со беспилотно летало од страна на украинската терористичка влада – изјави рускиот пратеник Олег Нилов на новинарите, нагласувајќи дека „тактичкото нуклеарно оружје нема да остане долго покриено“.

    Во нападот беа погодени неколку згради во елитни населби во Москва, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека мета на нападите биле цивили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img