Шефот на руските платеници Евгениј Пригожин во гласовна порака објавена денеска објави дека неговата воена организација „Вагнер“ моментално не регрутира нови борци, но веројатно тоа ќе го направи во иднина.
Иднината на „Вагнер“ и Пригожин е нејасна откако на крајот на јуни се случи краткотрајниот бунт против рускиот воен естаблишмент, а официјален Кремљ подоцна го одобри Пригожин и некои од неговите борци, кои се бореле во некои од најжестоките битки во Украина, да одат во Белорусија.според Ројтерс.
И покрај се, Пригожин беше поканет на средба со Владимир Путин само пет дена по бунтот, а минатата недела беше фотографиран во Санкт Петербург, каде што рускиот претседател беше домаќин на африканските лидери за време на руско-африканскиот самит.
„Денеска ги дефинираме нашите следни задачи, чија рамка станува се појасна. Несомнено, тоа се задачи кои ќе се извршуваат во името на големата Русија“, рече Пригожин во гласовната порака објавена на Сивата зона, телеграмски канал поврзан со организацијата „Вагнер“.