More

    Преживеани од грчкиот воз: Тресок, превртување, пламени насекаде и паника

    spot_img

    Патниците кои ноќта меѓу вторникот и средата преживеаја тешка несреќа во која се судрија два воза во близина на грчкиот град Лариса за медиумите изјавија дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат. Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина.

    „Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа пекол. Се вртевме околу вагонот додека не престана составот и конечно паднавме. Потоа дојде паниката. Кабли, пожар… Пожарот започнал веднаш. Како што паднавме, изгоревме. Пожарот беше лево и десно“, изјави за Ројтерс Стергиос Миненис, кој ја преживеа несреќата.

    Друг патник вели дека првите 10 до 15 секунди по несреќата биле хаос. И ја споменува истата страшна ситуација – превртување, пожар, закачени кабли, скршени прозорци, заробени луѓе кои врескаат…

    Ангелос Цијамурас за медиумите изјави дека судирот се чувствувал како земјотрес.

    „Тоа беше многу силен судир. Ова е ужасна ноќ. Тешко е да се опише местото на несреќата“, изјави гувернерот на Тесалија Костас Агорастос за државната телевизија.

    Снимките направени веднаш по судирот покажуваат густ чад кој извира од превртените вагони. Најмалку еден беше целосно смачкан.

    На местото на настанот излегле околу 150 пожарникари и 40 екипи за итна помош, соопшти противпожарната служба, а пренесува Би-би-си. Спасувачите соопштија дека условите за спасување биле многу тешки поради сериозноста на несреќата.

    „Никогаш во животот не сум видел вакво нешто. Тоа е трагедија. Пет часа по судирот, сè уште наоѓаме тела“, изјави за AFP исцрпен спасувач кој излегол од урнатините на возот.

    Волонтерот кој дошол да им помогне на спасувачите рекол дека сите ќе останат на местото на трагедијата додека не го најдат последниот човек во возот.Според последните податоци, најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени во сударот на брз патнички и товарен воз во близина на градот Лариса. Возот сообраќал на релација Атина-Солун, а причината за несреќата засега не е позната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img