Со особено задоволство го најавуваме гостувањето на македонскиот планинар д-р Сашко Кедев, кој утре со почеток во 18.00 ч. во Кристалната сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола ќе ги презентира своите искуства. Настанот е во организација на ПСК Пелистер-Битола и КИЦ Битола со поддршка нa Europe house Bitola ќе ги презентира своите спортски достигнувања.
Од 14 светски највисоки врвови што се над осум илјади метри надморска височина македонскиот планинар Сашко Кедев само во текот на 2023 се искачи на три вакви врвови, а пет врвови искачи во 2009, 2021 и 2022 година достигна да искачи осум од нив.