More

    Превентивни активности на МВР

    spot_img

    Во текот на вчерашниот ден (28.12.) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Велес, Штип и Битола беа реализирани повеќе превентивни активности примарно насочени кон превенцијата од употреба на пиротехника и оружје во текот на Новогодишните и Божикните празници, како и активности за поголема сообраќајна и имотна безбедност во наредниот период на прослави.

    Така на подрачјето на СВР Велес поточно во општинските средни училишта „Димитрија Чуповски“, „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“ во Велес, „Кирил и Методиј“ во Неготино, како и во основното општинско училиште „Пере Тошев“ во село Росоман, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, а во содејство со медицински лица во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, на учениците им беа одржани едукативни предавања на тема „Петарди НЕ- безбедност пред СЀ ”.

    Исто така и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во рамки на кампањата „Петарди НЕ, безбедноста пред се“ одржаа за учениците од средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Штип едукативно предавање. Додека пак полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово на локации околу градскиот пазар во Берово спроведоа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“.

    И на подрачјето на СВР Битола, односно во Битола, Прилеп и Крушево полициските службеници спроведоа превентивни активности во насока на запознавање на граѓаните со забраната за користење на пиротехнички средства, а беа спроведени и активности за побезбеден сообраќај со акцент на забраната за конзумирање алкохол и управување на моторно возило во пресрет на Новогодишните и Божикните празници. За време на сите активности на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина. Во централното подрачје на Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен преку непосредна комуникација со граѓаните разговараа околу темата „Слави со срце, не со оружје“, односно за опасноста од неовластено пукање со огнено оружје на свечености, како и за казнените мерки кои се предвидени за тие што неовластено ракуваат со огнено оружје, додека во основното училиште „Кирил и Методиј во село Бучин полициски службеници од ОВР Македонски Брод, одржаа едукативни предавања на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img