Претседателот на Светска банка, Аџеј Банга, денеска предупреди дека војната меѓу Израел и милитантната организација Хамас, може да биде сериозен удар за глобалната економија и за нејзиниот развој.
– Многу нешто се случува во светот и во геополитиката во војните што ги гледате и во она се случи неодамна во Израел и Газа. На крајот на денот, кога ќе го соберете сето ова, мислам дека влијанието врз економската развојот е уште посериозен – изјави Банга на конференцијата за инвеститори во Ријад.
Тој истакна дека војната во Израел и геополитичките тензии претставуваат најголема закана за светската економија.
– Мислам дека сме во многу опасен момент. Геополитичките тензии претставуваат најголема закана за светската економија. Економските ризици „се стремат да се движат“ брзо и не треба да се игнорираат – посочи претседателот на Светска банка.