More

    Претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мишел објави дека е постигнат договор за 50 милијарди евра помош за Украина

    spot_img

    Претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мишел објави дека е постигнат договор за 50 милијарди евра помош за Украина.

    – Сите 27 лидери се согласија. Ова обезбедува стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина – рече Мишел.

    Договорот беше постигнат откако утрово највлијателните политичари од блокот разговараа со унгарскиот премиер Виктор Орбан кој стави вето на договорот за време на самитот во декември. Најавата на Мишел покажува дека челниците успеале да го разубедат.

     

    Гардијан пишува дека Орбан подлегнал на притисокот по серијата средби синоќа и утринава со италијанскиот, францускиот и германскиот премиер. Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и лидерите на Франција, Германија и Италија одржаа состанок зад затворени врати со унгарскиот премиер. Состанокот потоа беше проширен и со други лидери, вклучително и холандскиот премиер Марк Руте, полскиот премиер Доналд Туск и белгискиот премиер Александар Де Кро.

    – Тие се договорија за два компромиси – за две години, ако треба, Европската комисија ќе ги преиспита трошоците, но за тоа сепак ќе се гласа. Постои и дополнителна мерка за механизмот за условување на владеењето на правото – рече портпаролот на Советот на ЕУ.

    Според тоа што го објави Гардијан, лидерите се согласиле за следниот текст: „Врз основа на годишниот извештај на Комисијата за спроведувањето на инструментот за Украина, Европскиот совет секоја година ќе одржува дебата за инструментот со цел да обезбеди насоки. Доколку е потребно, Европскиот совет за две години ќе ја повика Комисијата да подготви предлог за ревизија“.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е благодарен на лидерите на ЕУ што отворија нов фонд од 50 милијарди евра за неговата земја.

    – Многу е важно што одлуката ја донесоа сите 27 лидери, што уште еднаш го докажува силното единство на ЕУ. Континуираната финансиска поддршка на ЕУ за Украина ќе ја зајакне долгорочната економска и финансиска стабилност, што не е помалку важно од воената помош и притисокот од санкции врз Русија – рече Зеленски.

    Се огласи и Кремљ, обвинувајќи ги САД дека се обидуваат „да го префрлат товарот на поддршката на Украина на рамениците на европските даночни обврзници“.

    Во врска со дискусиите на самитот на ЕУ за понатамошна поддршка за Украина, Москва порача дека Киев и Западот „и понатаму ќе имаат проблеми“. Од Кремљ потенцираат дека Западот се обидува да ја „демонизира“ Русија за да изгледа како непријател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img