More

    Бајден подготвува наредба за суспендирање на прифаќањето на барањата за азил на границата меѓу САД и Мексико

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да потпише наредба со која ќе го суспендира прифаќањето на барањата за азил на американско-мексиканската граница кога бројот на премини ќе достигне 2.500 дневно на граничните премини, а границата повторно ќе ја отвори кога тој број ќе падне на 1.500. АП повикувајќи се на информации од информирани извори.

    Бројката од 2.500 значи дека границата може веднаш да биде затворена за мигрантите кои бараат азил, бидејќи дневните бројки веќе се надминати.

    Се очекува Бајден да ја открие својата намера – што би бил неговиот најагресивен едностран потег досега во обидот да го контролира бројот на луѓе на границата – денес во Белата куќа на настан на кој се поканети граничните градоначалници.

    Пет лица информирани за разговорите во понеделникот ја потврдија бројката од 2.500, додека две лица ја потврдија бројката од 1.500. Бројките се дневни просеци во текот на една недела. Сите инсистираа на анонимност бидејќи извршната наредба сè уште не е јавна. Останатите гранични активности, како што е трговијата, се очекува да продолжат, јави Гласот на Америка.

    Високи претставници на Белата куќа ги информираа пратениците на Капитол Хил за деталите од планираната наредба пред денешното официјално потпишување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img