More

    Претседателот на Собранието најавува и итна седница за промена на законите

    spot_img

    Претседателот на Собранието на Република Северна Македнија, Јован Митрески, на денешната редовна координација, на која присуствуваат координаторите на пратеничките групи, го отвори прашањето за проблемот со возачките дозволи и ја нагласи потребата Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор.

    Како што информираат од собраниската прес-служба, претседателот најавил дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да дејствуваат координирано за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, а кое во исто време нема да наштети на почитувањето на меѓународните правни акти кон кои како држава сме се обврзале.

    Митрески најави дека уште денеска ќе иницира состаноци со министрите за внатрешни работи, за финансии, за надворешни работи, како и со првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

    Истовремено, претседателот Митрески информираше дека ќе одржува ад хок состаноци со координаторите на пратеничките група со цел заеднички да најдат решение за настанатата ситуација.

    Претседателот на Собранието побара од координаторите да ги информираат пратениците дека доколку е потребно ќе закаже итна собраниска седница во текот на денешниот ден.

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски Закон вели дека решение има со изменување и дополнување на законот за патните исправи и законот за безбедност во сообраќајот се подготвени од и истите ќе бидат итно доставени до Влада, како единствено решение на моменталната криза во која се доведени граѓаните на Република Македонија.

    – Има решение на проблемот и тоа е многу едноставно. Ако има политичка волја за еден ден ќе ги решат маките на луѓето. Имаме Предлог на закон за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, еве го спремен е готов е и еве го другиот. Овој дури сум го потпишал. Предлог на закон за изменување на закон безбедност на сообраќајот на патиштата. За еден ден решение има, само треба да сакаат да имаат политичка волја. И немојте да ја залажуваат јавноста дека ќе сме прекршеле договор. По нивната логика, докторска а не правничка, договорот е веќе прекршен. Но ние не го прекршуваме договорот во предлог измените. Овде велиме „во рамки на технички функционални и возможни, објективни услови кои што ги имаме да го усогласиме истиот согласно возможното и реалното – вели министерот Панче Тошковски.

    Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста.

    „Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание. Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог“, пишува во партиското соопштение од СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img